Банкомат во стилот на театарска сцена деновиве беше поставен пред Македонскиот народен театар. Станува збор за банкомат на Халкбанка на која не и е првпат да поставува вакви интересни банкомати со кои испраќа порака дека банкарската инфраструктура не е „туѓо тело“ во градскиот пејсаж туку дел од неговиот идентитет.
Изгледот на банкоматот е внимателно осмислен за да се вклопи во архитектурата и атмосферата на една од најзначајните културни локации во Скопје.
– Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна, велат од Халкбанка.




