Скопје вечерва ќе биде домаќин на музички спектакл. Во Градскиот парк под отворено небо ќе настапат Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Симфонскиот оркестар од Солун.

На сцената, 240 музичари под диригентската палка на Најден Тодоров ќе ja изведат „Кармина Бурана“.
Концертот почнува од 21 часот, а ќе настапат солистите Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), како и Хорот на Музичкото училиште од Солун и детскиот хор „Пиколо“.




