За тетовец од селото Гајре кој им се заканувал на сопругата и неговата мајка и извршил физичко насилство врз сопругата се бара мерка притвор.
Обвинителството соопшти дека вчера тетовецот им побарал 100 евра а откако тие не му дале почнал да ја крши покуќнината, а сопругата ја удрил со тупаници и ја влечел по косата.
Осомничениот се товари за кривично дело – загрозување на сигурноста.




