ЛА ГВАИРА, крајбрежна федерална држава на северот од Венецуела, беше најтешко погодена од земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, изјави за Си-Ен-Ен претседателот на Венецуелското Национално собрание, Хорхе Родригез.

Слика од екранот: XСпоред Родригез, до 15 згради во државата наводно се урнале поради земјотресот. Повеќе видеа од крајбрежниот град Катија Ла Мар, во Ла Гваира, покажуваат повеќе урнати згради и облаци од чад.
Ла Гваира е дом на едно од најголемите морски пристаништа во земјата и на меѓународниот аеродром „Симон Боливар“, кој опслужува главниот град Каракас.
На социјалните мрежи беше објавена снимка од рибарски брод на која се гледаат облаци прашина како се издигаат над зградите на брегот.
Аеродромот е затворен
Геолошкиот завод на САД (USGS) веќе издаде драматично предупредување, наведувајќи дека се очекува исклучително голем број човечки жртви и огромна материјална штета и дека „се чини дека катастрофата е од големи размери“.
Снимките направени на аеродромот во моментот на земјотресот покажуваат панични луѓе како трчаат меѓу урнатините и прашината. Аеродромот оттогаш е затворен.




