дома Свет Венецуела се брани од критики по силните земјотреси. 2600 загинати и 38500...

Венецуела се брани од критики по силните земјотреси. 2600 загинати и 38500 исчезнати

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, категорично ги отфрли обвинувањата дека властите не успеале да се справат со  последиците од двата силни земјотреси што го опустошија северниот брег на земјата и одзедоа околу 2.600 животи, објави Ројтерс.

„Ова беше природна трагедија од размер што никогаш не сме го замислиле, иако знаевме дека може да се случи во нашата земја“, рече Родригез на својата прва прес-конференција откако ја презеде власта во јануари по соборувањето на Николас Мадуро предводено од САД. „ Не чекавме еден, два или три дена. Дејствувавме веднаш.“

 Родригез рече дека нејзината влада издала итен декрет за активирање на протоколите за цивилна одбрана и вонредни состојби во рок од неколку часа од земјотресите што се случија минатата среда со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, со разлика од помалку од една минута.

Таа, исто така, рече дека речиси сите регионални службеници во Ла Гваира, која беше најтешко погодена, загинаа во зградите што беа претворени во урнатини.

Таа рече дека владата сè уште не започнала со операции за спасување.

„Сè уште можеме да најдеме живи луѓе“, изјави таа во просторија полна со десетици меѓународни новинари.

Родригез не прецизираше колку луѓе се водат како исчезнати. Бројот, наведен на неофицијален онлајн список, падна на околу 38.500 до четврток вечерта, откако достигна врв од речиси 60.000 во деновите веднаш по земјотресите.

Државната телевизија редовно ги прикажува состаноците на Родригез со воени и безбедносни претставници, додека групи војници и полицајци патролираат по главните патишта во Ла Гваира и понекогаш го регулираат сообраќајот .

Сепак,  најактивни се цивилите, од кои многу се волонтери, како и  илјадници членови на странски спасувачки екипи.

ПредходнаПочнуваат судирите.Албанската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите пред парламентот
СледнаБи-Би-Си: Инстаграм во Индија прикажуваше реклами за купување видеа за злоупотреба на деца