Премиерот Христијан Мицкоски не открива кој ќе биде назначен за секретар за добро владеење. Јавноста ќе биде благовремено информирана, изјави денеска Мицкоски.
– Јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Тоа не значи дека ќе биде истото лице и нема да биде истото лице, рече Мицкоски.

За обвинувањата за осуденост на секретарот Димитар Димовски, Мицкоски вели дека тој е жртва на политичка хајка од претходната власт.
– Димитар Димовски, како и десетици и стотици луѓе од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од политичка хајка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, кои СЈО го користеа како политичка алатка за да ја распродава државата и да си обезбеди привилегии, сум го коментирал многупати во минатото и нема да го коментирам, рече Мицкоски.
Од опозицискста СДСМ реагираа на информирациите Димитар Димовски да го води ресорот добро владеење. Според нив, лице осудено за злоупотреба не може да раководи со секторот добро владеење, а треба да биде разрешен и од актуелната поизција во Кабинетот на Мицкоски..




