дома Македонија Економија ССМ против зголемување на старосната граница за пензионирање

ССМ против зголемување на старосната граница за пензионирање

Сојузот на синдикатите на Македонија реагира на можноста и размислувањата за зголемување на границата за одење во пензија на 72 години.

– И во минатото сме биле сведоци на вакви несериозни предлози и тоа од луѓе кои не се работниците, а на штета на работниците, а напоменуваме дека вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд и таквите мерки на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале, нагласуваат од ССМ.

Од ССМ велат дека се потребни сериозни политики и мерки за зголемување на бројот на вработување на младите по пат на реални и одржливи работни места кои ќе бидат резултат на нови домашни или странски инвестиции и зголемување на платите, а со тоа и зголемување на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување.

– Според „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век во државата е 76,63 години, па дали тоа е идејата, наместо пензија, работа до крај на животниот век ? Затоа, потребно е воведување на повеќе услови за пензионирање, како пензионирање со навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години работен стаж за жени, предвремено пензионирање, воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се однесуваат на животот и здравјето на работниците, старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности, предвремена старосна пензија по возраст, неполна старосна пензија по возраст обезбедување на можност за докуп на стаж, велат од ССМ.

ПредходнаАлбански државјанин сакал да прошверцува 24 пакувања марихуана
СледнаСо поглед кон таванот на обвинителна клупа седна обвинетиот за убиствата во кумановско