Приведен е 16-годишен малолетник кој со остар предмет повредил 14-годишник во скопски Сарај.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот пред угостителски објект во селото Сарај каде по претходна расправија настанала тепачка меѓу двајцата малолетници.
По кратко време пред продажен објект повторно се сретнале по што 16-годишникот кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел повреда.
– На 12.07.2026 околу 01:35 часот 16-годишиот малолетник е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, извршен е службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти денеска МВР.




