дома Македонија Семејно насилство во Скопје заврши со убиство

Семејно насилство во Скопје заврши со убиство

Семејно насилство во Скопје заврши со убиство. Министерството за внатрешни работи информира дека син го убил таткото затоа што под дејство на алкохол ја нападнал неговата мајка.
        – На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко, инфомира МВР.

Жената е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција. По целосно документирање на случајот, МВР најавува соодветна пријава.

ПредходнаСрбин на пат за Грција доживеал пекол на границата со Македонија. НА што го фатиле?
СледнаЗабрана за пристап? ЕУ денес објавува препораки за социјалните мрежи за деца