дома Македонија Ги нападнал газдите дека не му исплатиле дневници

Ги нападнал газдите дека не му исплатиле дневници

Вработен во фирма ги нападнал газдите со нож бидејќи не му биле исплатени дневници.
Јавното обвинителство денеска соопшти дека 30-годишникот во вторникот попладнето кога сопружниците излегле со автомобилот од фирмата во Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот.                 Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените.

ПредходнаОпштините неефикасни – немаат наплатено близу 48 милиони евра од даноци
СледнаПредложен притвор за семејно насилство во Гевгелија