дома Македонија Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простории

Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простории

Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостување во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните.

            Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални функции. Денес повеќе од кога било ни е потребно единство, искуство и меѓусебна доверба, истакна Герасимовски.

Политиката, вели Герасимовски, не смее да се води зад затворени врати, туку таму каде што се граѓаните.

Смета дека сите различни ставови треба да бидат повод за дијалог и дебата, внатре во партијата, а не по кафеани и кулоари.

– Предизвиците со кои моментално се соочува партијата е недозволиво и нездраво да се дебатираат надвор од неа. Сите оние различности, сите ставови и размислувања, треба да се дебатираат во партиските простории, нагласува Герасимовски.

ПредходнаУапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум
СледнаНов украински напад. Уште еден удар врз магацин на „руски Амазон“