Два хеликоптера се судрија при гаснење на пожар во западниот дел на Атика. Во тек е акција за спасување на екипажите кои биле во хеликоптерите, јавија грчките медиуми.
На видео објавено на социјалните медиуми се гледа како еден од хеликоптерите по судирот се запалил и паднал во шумско подрачје.
Според првичните неофицијални информации, двете лица од едниот хеликоптер се пренесени во болница а екипажот од вториот хеликоптер не преживеал. Двајцата пилоти биле романски државјани.




