дома Локално Значителна материјална штета од пожарот во Гиро Хаус во Лептокарија

Значителна материјална штета од пожарот во Гиро Хаус во Лептокарија

По пожарот во објектот на Гиро Хаус во Лептокарија се огласија од компанијата од каде информираа дека е причинета значителна материјална штета поради што објектот привремено ќе биде затворен се додека просторот не биде целосно реновиран.

                    – Во несреќниот настан нема повредени лица, што е најважниот исход во оваа тешка ситуација. Причинета е значителна материјална штета, поради што оваа подружница привремено нема да работи сè додека просторот не биде целосно саниран и повторно безбедно ставен во функција. Во меѓувреме, нашите гости можат да нè посетат во ресторанот Gyro House во центарот на Скопје, спроти Соборниот храм, се наведува во соопштението.

ПредходнаМацут свика вонредна седница поради топлината и ниското ниво на вода: Граѓаните беа повикани да штедат електрична енергија во следните десет дена
СледнаЗемјотрес вечерва во Скопје