
Белгија минатата година извезла 1,5 милијарди литри пиво со што стана најголем извозник на овој пијалак во блокот, објави денеска Евростат по повод Меѓународниот ден на пивото, кој од 2007 година се одбележува секој прв петок во август.
Холандија е втор најголем извозник на пиво со 1,4 милијарди литри во 2025 година, по што следуваат Германија со 1,3 милијарди и Чешка и Ирска со по 600 милиони литри.
Во исто време, најголем увозник на пиво во ЕУ била Франција, која минатата година увезла 0,9 милијарди литри.

Италија се најде на второ место со увезени 0,7 милијарди литри, пред Германија и Шпанија со по 0,6 милијарди и Холандија со 0,3 милијарди.
Евростат, исто така, објави дека извозот на пиво од ЕУ во земји надвор од блокот се намалил за 11 проценти минатата година, на 3,2 милијарди литри, додека увозот се зголемил за шест проценти, на половина милијарда литри.




