дома Македонија Економија Превозниците во Скопје ќе бараат решение за престојот во Шенген зоната

Превозниците во Скопје ќе бараат решение за престојот во Шенген зоната

Здруженијата на превозници денеска во Скопје ќе разговараат за идните чекори што ќе ги преземат за надминување на проблемот на професионалните возачи за престој во Шенген зоната.

На состанокот, што ќе се одржи во просториите на Макам-транс, ќе присуствуваат раководствата на здруженијата од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат правилото за престој во Шенген зоната од најмногу 90 дена во период од 180 дена да не важи за професионалните возачи.

Тие сметаат дека ваквото правило ги третира професионалните возачи како туристи и сериозно го отежнува меѓународниот транспорт.

ПредходнаБританија заплени речиси 3 тони кокаин скриен меѓу банани
СледнаКонтроверзи меѓу министрите на Албанија и Србија околу најавата на Вучиќ да ја секне реката за Косовоа Ибар