Падна и пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци кога на 13 февруари 2019 година во автобус на Дурмо турс загинаа 16 луѓе, а 37 беа повредени.
Советот за казниви дела при Врховниот суд ги укина претходните судски одлуки и предметот го враќа на повторно судење со што обвинетите излегуваат од затвор и за нив ќе треба повторно да с еутврдува кривична одговорност.
Одлуката ја донел Советот за казниви дела составен од Африм Фидани, претседател, Џемали Саити, известител на предметот, Сафет Кадрии, Цветанка Периќ и Мирјана Лазарова-Трајковска.
Во случајот без обвинети сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, одговорното лице за транспорт во компанијата Ремзи Мифтари, возачот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца беа обвинети за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а останатите за соучество во истото кривично дело.

