Државното јавно обвинителство вечерва потврди дека е приведен помошник директорот на Царинската управа кај кого биле пронајдени обележани 17.500 евра.
Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.
Детали за настанот Обвинителството најавува во текот на утрешниот ден.

