Две лица се повредени при гаснењето на пожарот на Пелистер. Нивната состојба, според информациите од терен, е стабилна.
Пожарот во Националниот парк Пелистер е локализиран, но опасноста од негово ширење и понатаму зависи од временските услови.
После пеколната ноќ на терен во која дејствуваа екипите на НП Пелистер, ППТЕ Битола, ДПД Архангел и механизацијата на Јавните претпријатија од Битола пожарот е целосно локализиран. Опасноста за негово понатамошно активирање и ширење и понатаму е голема и во голема мера зависи од временските услови. Во текот на ноќта повредени се двајца припадници на единиците кои дејствуваа на терен и нивната здравствена состојба е стабилна. Единиците продолжуваат да дејствуваат на терен со поддршка на армиски хелихоптер. Подоцна се очекува да пристигнат ДПД Кочани и двата ЕР трактори, ја пренесуваат дел од медиумите изјавата на директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски.

