дома Бизнис Српската „Алта Група“ го презеде и битолски ЗОИЛ

Српската „Алта Група“ го презеде и битолски ЗОИЛ

Српскиот холдинг „Алта Група“ ја презеде осигурителната компанија „ЗОИЛ Македонија“ од Битола, станувајќи сопственик на сите нејзини акции.

Како што јави СЕЕБиз, вупната вредност на трансакцијата изнесувала 104.881.800 денари или приближно 1,7 милиони евра.

По аквизицијата, ЗОИЛ промени своето име во „Алта Осигурување“ АД Скопје. По завршувањето на потребните регулаторни процедури, компанијата ќе нуди производи за осигурување на возила, имот, домаќинства, патувања и деловни активности.

Компанијата „ЗОИЛ Македонија“ е основана во октомври 2023 година. Со оваа аквизиција, „Алта Група“ ги обединува банкарските, платежните, лизинг и осигурителните услуги во единствен систем во земја.

Претходно, белградската „Алта банка“, кој е дел од „Алта Групата“ стекна мнозински удел во „Стопанска банка“ АД Битола, која сега работи под името „Алта банка“ АД Битола. Според Македонската берза, на почетокот на 2026 година „Алта банка“ од Белград го зголемила својот удел во сопственоста на битолската „Алта банка“ на над 95 проценти.

„Алта група“ се подготвува и за влез на пазарите во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Според договорот со австриската „Рајфајзен банк интернешнл“, се очекува „Алта“ да ги преземе филијлите на „Адико банка“ во Сараево и Бања Лука, како и во Србија и Црна Гора.

„Алта група“ е во сопственост на српскиот бизнисмен Давор Мацура, кој според српските медиуми, важи за близок до властите во Белград и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Предходна1 септември – денот Д за превозниците, или решение или протести
СледнаМигрантската политика на ЕУ оди се повеќе в десно