Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва потврди дека на информативен разговор се повикани неколку лица за информациите што беа споделени во врска со водата во Скопје.
– Како што сум информиран МВР има повикано повеќе лица на информативен разговор и според мене мора да има одговорност за ова што се случува. Не може туку така да споделувате информации и да ширите паника, изјави Муцунски за Сител. Според него, ова е дело на најголемата опозициска партија.




