дома Свет Индонезија погодена од серија земјотреси, најсилни 5,7 степени

Индонезија погодена од серија земјотреси, најсилни 5,7 степени

Индонезија денес беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше 5,7 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).


Епицентарот на земјотресот беше на отворено море, на длабочина од 49 километри, во регионот Флорес.
Не е издадено предупредување за цунами.
По најсилниот земјотрес, следеше серија од три нови магнитуди помеѓу 5,2 и 5,3 степени.
Во меѓувреме, индонезиските власти објавија дека бројот на жртви од земјотресот со магнитуда од 7,7 степени што ја погоди источна Индонезија на 15 август се зголеми на 53, додека околу 5.000 луѓе се евакуирани.

ПредходнаГрција: Продолжува гаснењето пожари во Перистерија
СледнаБез вода делови од Чаир и Топаана, без струја делови од Скопје и скопско