Вирусот западнонилска треска ја зема петта жртва во земјава. На Инфективната клиника во Скопје почина 73-годишен пациент кој 22 дена се лекувал на оваа Клиника.
Пациентот е од населбата Долно Лисиче во општина Аеродром која е една од општините каде е прогласена епидемија.

Директорот на Инфективната клиника Фадил Цана во изјава за медиумите рече дека пациентот бил со тешка клиничка слика и имал други придружни болести.
„Од почеток на приемот тој беше во изразито тешка состојба и беше сместен на одделот за интензивно лекување и беше на ресопираторна поддршка, односно на механичка вентилација, информира Цана.
До денес на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 21 пациент, од кои 18 се со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, а тројца се сметаат за сомнителни.

