Со централен свеченист во Музејот на современа уметност во Скопје денеска беше одбележа 116-годишнината од раѓањето на хуманистката Мајка Тереза – Гонџа Бојаџију.
На настанот, меѓу остатантите присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши и косовскиот премиер Албин Курти.
Во своето обраќање на свеченоста, првиот вицепремиер Беким Сали истакна дека животното дело на Мајка Тереза треба да биде лекција за сите, особено денес кога гледаме како светот се соочува со предизвици.
„На овој ден милиони луѓе од целиот свет со почит се сеќаваат на Мајка Тереза, на оваа голема жена со големи дела. Денес целиот свет ја почитува оваа голема жена, оваа светица. Денес ја почитуваат милиони луѓе, кои слават со своите умови и срца. Денес ја почитуваат и жителите на Скопје, од нејзиното родно место, каде што е родена и каде што пораснала“, рече Сали.
Тој посочи дека Скопје денес се гордее на оваа личност и од тука ја испраќаме нејзината порака дека религијата, нацијата или општествениот статус не треба да бидат пречка за луѓето, туку, напротив, вредностите на хуманизмот, мудроста и жртвата за другите треба да бидат водич за сите нас.
“Мајка Тереза не припаѓаше само на луѓето од една нација или една религија. Таа им припаѓаше на сите. Мајка Тереза го воздигна името на скопјани високо, но денес таа стана симбол на целото човештво. Од Скопје ја испраќаме пораката во име на сите граѓани дека мора да продолжиме по својот пат, како што некогаш изјави папата Франциск: на светот му требаат повеќе хуманизам, повеќе разбирање и повеќе мир“, посочи Сали.
На настанот беше промовирана книгата „Мисионерскиот пат од Гонџа Бојаџиу до Универзалната Мајка Тереза“, од Алберт Рамај и Скендер Асани, а беше отворена и документарна изложба посветена на животот и делото на Мајка Тереза.

