Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во периодот од 24 до 27 август кај две угинати птици е потврден вирусот западно-нилска треска. Едната птица е пронајдена на подрачјето на Скопје, а другата на подрачјето на Ресен. Пристигнати се над 100 пријави од граѓани за угинати птици.
Во период од 24.08.2026 до 27.08.2026 пристигнати се повеќе од 100 пријави од граѓани, дел од пријавите се однесуваат на угинати птици, како што се врапчиња и други видови, кои не се соодветни за испитување за Западно нилска треска. Поради тоа, не секоја пријава може да резултира со земање примерок и лабораториско испитување. Од тестираните примероци, досега се добиени два позитивни лабораториски резултати – еден кај угината птица пронајдена на подрачјето на Скопје и еден кај птица пронајдена на подрачјето на Ресен, информира АХВ.
АХВ најавува дополнителни активности за детектирање на вирусот кај птиците. Ќе бидат опфатени кокошки, мисирки, бисерки, фазани, еребици, потполошки, ноеви, како и диви птици од видовите гуски, пајки, лебеди, штркови, чапји, соколи, галеби, страчки, бувови, корморани јастреби и други.
Корисниците на дивечот во ловиштата, зоолошките градини, птици чувани во заробеништво и националните паркови до надлежниот официјален ветеринар или надлежното ветеринарно друштво треба да ја пријават секоја најдена угината дива птица, од кои ќе бидат земени примероци за лабораториско тестирање. Сите ловни друштва се должни да го пријават отстрелот на диви птици во ловната сезона од кои исто така од официјален ветеринар или од надлежно ветеринарно дрштво ќе бидат земени мостри за лабораториско тестирање, апелира АХВ.

