Две артилериски гранати од Првата светска војна се откриени во атарот на селото Мегленци во општина Новаци.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатите се со димензии 75 mm и 155 mm „армирани“ поминати низ топовска цевка. Гранатите се најдени во предел низ кој поминал мариовскиот пожар пред неколку денови.
Неексплодираните убојни средства (НУС) биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите коишто се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар.
Дојавата до ДЗС Битола била од страна на Полициската станица Новаци, а беа откриени од припадници на ТППЕ Битола.

