Бугарска државјанка е пронајдена на Попова Шапка откако вчера се изгубила, а била во група со странски државјани кои се упатиле кон Титов Врв. Пронајдена е денеска во 14:50 часот во селото Горна Лешница и е во добра здравствена состојба.
Нејзиното исчезнување го пријавиле останатите тројца членови на групата кои откако се вратиле синоќа во вечерните часови, констатирале дека жената не се вратила со нив и дека немаат информации за нејзината локација. По пријавувањето, веднаш била започната потрага.
Во потрагата беа ангажирани припадници на Специјалните единици од Скопје, ПС Попова Шапка, ЈУНП „Шар Планина“ и ДЗС – ПО Тетово. Беа употребени и два дрона со термални камери, а во потрагата се вклучија и полициски хеликоптер „Бел 212“ и спасувачки тим од САЕ „Тигар“, информира Центарот за управување со кризи.

