Плоштадот Македонија вечерва ќе биде местото каде ќе настапи шпанскиот тенор Хосе Карерас заедно со Македонската филхармонија и македонски музички ѕзвезди.
Концертот е дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата, а ќе настапат Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.
Организатор е „Авалон продукција“ од каде овој настан го оценуваат како еден од најголемите музички проекти во историјата на Македонија.
Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија, стои во објавата од Авалон продукција.
Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија, стои во објавата споделена на фејсбук профилот на Владата.

