Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го пробаа градскиот воз кој сообраќа на релација Зелениково – Скопје.
Покрај оваа линија, ќе има уште две за кои се изработува проектната документација и се очекува да бидат пуштени најдоцна до почетокот на 2028 година.
Едната линија ќе се протега од Волково, преку Ѓорче Петров и Скопје Север, до Железничката станица во Скопје, во должина од 18 километри, а втората линија ќе ги поврзува Миладиновци, Илинден и Маџари со Железничката станица во Скопје во должина од 20 километри.

Премиерот е задоволен од реализацијата на проектот којшто според него ќе придонесе за подобрување на транспортот и заштита на животната средина.
Условите на делницата од Зелениково до Скопје, според Мицкоски, се европски.
Тој посочи дека проектот бил реализиран за околу една година и рече дека условите на делницата од Зелениково до Централната железничка станица во Скопје се „европски“.
Навистина една година е прилично брз период за да се реализира овој проект, којшто можам вака од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски. Дали со ова ги решаваме сите проблеми на светот коишто во суштина ги имаме? Нема да ги решиме, но дали е ова чекор напред? Да, е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите со кои што се соочуваме, посебно во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето, имајќи предвид дека пред нас е и грејната сезона и предизвиците коишто доаѓаат со таа грејна сезона, рече Мицкоски.
За вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоскиова е почеток на реализација на визија за поефикасен јавен превоз, поголема мобилност и подобра заштита на животната средина.
Ветивме дека првата линија ќе почне на 1 септември и така се случи, се надевам дека ќе ја користат многумина, се надевам дека многу ќе помогне и на учениците и на средношколците, на сите оние кои што сакаат навреме да стигнат на своите работни места, пензионерите и ќе ја користиме сите ние, рече Николоски.

