Дваесет и шестгодишник синоќа починал од повреди од огнено оружје откако заедно со уште четворица стоеле пред излог од фирма, а во нив пукале две лица на мотор.
Инцидентот се случил во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.
Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи.
Додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал, велат од МВР.
Напаѓачите побегнале од местото на настанот. Полицијата работи на нивна идентификација и на расчистување на мотивот за убиството.

