Атрилерискиот баталјон на Армијата вечерва во 19 часот во касарната Илинден ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата, кои се реализираат по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста.
Пробната артилериска стрелба, со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија, ќе биде извршена во 18 часот.

