Владата очекува трендот на раст на БДП да продолжи и да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти. За премиерот Христијан Мицкоски ова е успех во време кога растот на европската економија е помала од еден процент.
Оваа влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3% реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7% и бевме во горната половина од земјите од Европа. 2025 година ја завршивме со 3,5% раст на БДП, а номиналниот беше над 8% и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%, вели Мицкоски во денешната изјава.

