Како последица на климатските промени површините адекватни за живеалиште на бумбарите во Европа во просек се намалени за пет отсто, а во некои реони и до 19 проценти, се наведува во студија на група европски истражувачи објавена во списанието „Нејчр Клајмат Чејнџ“.
Според коавторката на студијата, Роза Пјетројусти, популацијата на бумбари во Европа драстично се намалила во изминатите неколку децении.
„Опстојувањето на бумбарите долго време беше под притисок на фактори како што се урбанизацијата и интензивното земјоделство, но сега се чини дека уште поголемо полседици по нив имаат климатските промени“, вели Пјетројусти.

Бумбарите се есенцијални запрашувачи на земјоделските култури и на дивите растенија, особено во ладни и влажни средини, каде што пчелите се помалку активни.
Овие инсекти се најтешко погодени во јужните и централните региони на Европа. Во долината на Рона во Франција, живеалиштата на бумбарите се намалени за 19 проценти, што е најголемо намалување во Европа.
„Поради затоплувањето на регионите, бумбарите мигрираат првенствено на север или на повисоки надморски височини“, вели Пиетројусти, додавајќи дека уште по важно е тоа што бумбари што доаѓаат во планинските области нема каде да одат понатаму.
Научниците за потребите на студијата собрале повеќе од 800.000 податоци од набљудувања на 47 видови бумбари. По ова тие направиле споредба на климатските состојби помеѓу 1901 и 2019 година со симулација на сценарио во кое не се случи глобално затоплување.

Од ова, истражувачите заклучиле деја негативните ефектите врз живеалиштата на бумбарите се засилуваат од 80-тите години на 20-от век, што се совпаѓа со периодот на забрзаување на затоплувањето на Земјата.
Според Пјетројусти, создавањето на градините погодни за бумбарите има даваат дополнително време, но единствен спас за нив е справувањето со климатските промени.
„Само со намалување на емисиите на штетни гасови од фосилни горива можеме навистина да го запреме исчезнувањето на овие видови“, додава Пјетројусти.

