Градскиот воз вчера тргна од Зелениково до Скопје, но вечерва околу 20 часот се појавиле и првите проблеми. Како што јави телевизија Телма, возот останал без напон пред станицата Лисиче и бил блокиран околу половина час.
Според официјалните информации, причината била прекин во напојувањето со електрична енергија.
Градскиот воз беше промовиран со симболично возење на кое присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Покрај линијата од Зелениково до Скопје, планирано е најдоцна до почетокот на 2028 година да бидат пуштени уште две линии.

