Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Велес синоќа околу 21 часот, по тричасовна борба ги изгаснале пламените јазици на пожарот во месноста Прцорек кај базенот за вода.
По пристигнување на самото место поради сериозноста на пожарот кој бил затекнат во развиена фаза била побарана дополнителна помош од уште едно противпожарно возило со уште една екипа. По тричасовна борба со пламените јазици пожарот бил изгаснат околу 21 часот и не било дозволено негово проширување.
Од ТППЕ Велес со апел до граѓаните, да не палат оган на отворен простор. Воедно доколку забележат пожар да се јават на бесплатниот телефонски број 193 или 112

