Премиерот Христијан Мицкоски не е загрижен поради истрагата во Унгарија за заемот што Македонија го доби од тамошната Ексимбанка под поволни услови.
Мицкоски денеска изјави дека станува збор за внатрешна постапка на унгарските институции, а заемот бил дел од стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Не стравувам од истрагата. Сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство, потврдено од двата парламенти и двете влади, а средствата се потрошени транспарентно, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски, ставовите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар за проширувањето на Европската Унија не се однесуваат на земјите од Западен Балкан.
Убеден сум дека тоа што го кажал Маѓар не го мисли за Балканот. Досега имаше неколку десетици изјави во кои вели дека поддршката за Западен Балкан е искрена и недвосмислена и никогаш не била доведена во прашање, рече Мицкоски.

