Во пресрет на Денот на независноста напладне во Кристалната сала на Собранието ќе биде доделена државната награда „8 Септември“. Наградата се доделува за животно дело и за остварувања во областа на спортот.
Годинашен добитник на наградата за животно дело е Трајчо Димков за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на меѓународен план (борење).
Наградите за остварувања во областа на спортот годинава ќе им бидат доделени на Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.
На објавениот конкурс аплицираа 9 кандидати за доделување на државната награда, а 6 кандидати за наградата за животно дело. Оваа година наградите се доделуваат по 14.пат.

