Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе бидат врачени наградите за кратка книжевна творба „Празник на липите“.
Првата награда ја добива „Мајсторска завршница“ од Ана Пејчинова (поезија), втората награда „Татко ми станал писател“ од Даниела Андоновска-Трајковска (поезија) и третата „Сребре Тилевски, липарот“ од Владимир Јанковски (расказ).
За наградите одлучуваше тричлена жири комисија во состав Ива Дамјановски, Никола Маџиров и Жарко Кујунџиски:
–

