Пет лица се приведени во Галичник откако во шаторите каде престојувале биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети. Најмладиот од приведените има 32 години, а најстариот 45 години. Четворица се од Скопје и еден од Куманово.
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети, информира МВР.
МВР најавува соодветна пријава по документирање на целиот случај.

