Пожарот кај Грачани кој е активен неколку дена вечерва повторно им создаде мака на Скопјани со чадот кој се чувствува во дел од населбите на главниот град. Огнената линија е долга неколку километри и се протега на македонска и косовска страна.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва изјави дека пожарот е ставен под делумна контрола, а утре треба да биде воспоставена целосна контрола.
Во неговото гаснење денес беа вклучени ер тракторите на ДЗС и полициски хеликоптер.
Под контрола е ставен и пожарот кај селото Ногаевци во општина Градско кој се гледаше и од автопатот. За овој пожар, надлежните се сомневаат дека е подметнат. Ангелов вели дека селото е безбедно и нема повредени пожарникари.

Тежок пожар, според Ангелов, е и оној на Рамно на Скопска Црна Гора каде интервенираат скопските пожарникари.

