Топло и ветровито ќе биде на вториот ден од викендот. Ветерот ќе биде од северозападен правец, а долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 km/h.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 12 до 21, а дневните од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево но и ветровито со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

