Синоптичарите за денес најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури, според УХМР, ќе се движат во интервал од 8 до 19, а дневните од 30 до 36 степени.
Во Скопје, исто така ќе биде топло со утринска температура до 13 степени и дневна од 36 степени.
Веќе од утре во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите можно е да бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

