Официјалниот сајт на Македонската православна црква – Охридска архиепископија објави вест за опелото на Ратко Младиќ, што вчера со сите осуди на меѓународната зедница и регионот , за почестите и недистанцирањето од неговите воени злосторстава во Би Х . а го го изврши патријархот Порфириј.
Во објавата на официјалниот црковен сајт, Младиќ е претставен како „генерал“ и „командант на Војската на Република Српска“, а во целост се пренесува беседата на патријархот српски Порфириј од неговиот погреб во Белград.
Ниту во насловот, ниту во текстот на објавата на МПЦ-ОА нема информација дека Младиќ е правосилно осуден за геноцид и други воени злосторства.
Напротив, преку пренесувањето на беседата на Порфириј, на официјалната страница на МПЦ-ОА до македонската јавност стигнува сликата за Младиќ што ја испрати Српската православна црква – како „христијанин“, „војник и командант“ кој се борел за „слободата, одбраната и опстанокот на својот род“.
Зошто официјалниот медиумски канал на МПЦ-ОА воопшто има потреба да објавува вест за погребот на Ратко Младиќ е сериозна дилема, јавно прашува порталот Религија.мк.

