Скопските пожарникари денеска со полни раце работа. Предмалку изби нов пожар во близина на спортскиот аеродром Стенковец од каде се крева црн чад кој се движи во правец на Скопје.
Најверојатно е зафатено ѓубриште затоа што има црн чад. Ветрот го носи во насока на Скопје и најверојатно тоа е дополнителна причина за загаденоста на воздухот во делови од градот. Пожарникарите работат на гаснење, ќе биде тешко да се совлада пожарот поради што претпоставувам дека чадот ќе се чувствува и во наредниот период, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Вели дека силите се распоредени насекаде но, дека дел од пожарите најверојатно се подметнати.
Активен е и пожарот кај Рамно чиј чад неколку дена веќе ги гуши Скопјани.
Според информациите на ДЗС, голем пожар има и кај Милетино во општина Брвеница кој претставува опасност за селото.

