На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески, оценува опозициската СДСМ во пишана реакција.
На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината. Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди. И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител. Ова не е државнички говор. Ова е отворена закана. Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита, оценува СДСМ.
Оттаму порачуваат дела опозицијата, критичарите и народот не се талог. Талог, велат од СДСМ, е оној кој ја злоупотребува власта, ги дели луѓето и што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста.

