Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ и на подрачјето на СВР Велес. Министерството за внатрешни работи соопшти дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.
„Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата“, соопшти МВР.
„Безбеден град“ веќе се применува во Скопје, Охрид и Куманово.

