Пожар синоќа избувнал во трговски дуќан на улицата „Индира“ во општина Шуто Оризари. Интервенирале 15 пожарникари со шест противпожарни возила.
Во период од 03:31 до 06:45 часот со 15 пожарникари и 6 ПП возила гаснале запален трговски дуќан на ул. Индира б.б. (опш. Шуто Оризари), наведува Центарот за управување со кризи во кратката утринска информација.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

