Полициски припадници денеска спроведуваат координирана акција со претреси на 32 локации во Скопје.
„Врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР“, соопшти ОЈО.
Во соопштението се додава дека се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомнежи за кривичното дело „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик.
Засега нема официјални информации дали има приведени лица во акцијата, ниту за опфатот на истрагата.
Според неофицијални информациите, претресите се поврзана со сомнежите за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи од Ц и Д категорија.

