Енергенси и стабилно снабдување ќе има, уверува премиерот Христијан Мицкоски откако цената на нафтата достигнува рекордни нивоа на светските берзи, а државите стравуваат од недостиг на енергенси. Вели ќе нема ниту осцилации во цената и во количините.
Зголемената цена на струјата е на берзите, не кај нас. Кај нас цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните откако е оваа Влада не е покачена и така ќе остане. Работиме на таа проблематика и од јануари цената најмалку да остане иста, а работиме и на тоа да има поевтинување или продолжување на евтината тарифа. Ние навреме ги чувавме нашите акумулации, тие се сега некаде на 50 отсто, се ремонтираат или завршуваат ремонтите во термоенергетските постројки. Временската прогноза вели дека полната грејна сеозна би почнала меѓу 2 и 5 ноември, а до тогаш целокупните подготовки ќе бидат завршени иако веќе три четвртини се завршени, изјави денес Мицкоски.
Очекува зголемување на цената на гасот, но вели тоа нема да има големо влијание кај нас затоа што имаме когенеративни постројки.
За нафтата останува на ставот дека нема да воведеме забрана за реекспрот на нафата и нафтените деривати.
Веќе имаме поевтини акцизи, прогласена е кризна состојба и како резултат на тие мерки имаме до половина евро за литар пониска цена на бензините, споредено со соседите во регионот. Тоа предизвика да имаме до 50 отсто зголемен козум на некои бензински пумпи посебно во пограничните делови, вели Мицкоски.
Нема да имаме проблем со енергенси зимава, уверува Мицкоски

