ВЛЕН во трката за градоначалник на Брвеница ќе се трка со Јакуп Хусеини, магистер по правни науки кој моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница.
Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината. Во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности, велат од ВЛЕН. Во Брвеница на 18 октомври ќе се одржат предвремени избори поради ненадејната смрт на доскорешниот градоначалник Јовица Илиевски
ВЛЕН во Брвеница ќе трча со Јакуп Хусеини

