Превозниците од Западен Балкан нема да го реализираат најавениот протест на 14 септември. Од Асоцијацијата Макам-транс велат дека со тоа искажуваат доверба на ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на решение за професионалните возачи за нивниот престој во Шенген зоната подолг од 90/180 дена.
На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ и искажавме доверба на ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на соодветно решение за професионалните возачи и нивниот престој во Шенген Зоната подолг од 90/180 дена до изгласување на новата визна стратегија во втората половина на 2027 година. Сите подготовки за спроведување на протестот се ставени вон сила на одреден период, се наведува во објавата на Фејсбук.
Превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина на 1 септември одржаа предупредувачки протест барајќи решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната
Превозниците се откажаа, нема протест на 14 септември

